Бегалецот од „Монструм“ е во Приштина, косовската полиција му ја знае адресата

1416

Откако беше прочитано обвинението за случајот „Монструм“, рочиштето продолжи со давање искази на тројца од петмината обвинети. Третообвинетиот Агим Исмаиловиќ даваше контроверзни одговори за тоа што правел на денот на убиството. Прво рече дека бил на работа во интернет-кафе, потоа дека извршувал верски обреди или дека можеби бил и дома.

Претходно, пак, како што му посочи Гаримњ Фетаи пред судот рекол дека работел на поставување канализација. Агим е брат на второобвинетиот Африм Исмаиловиќ кој заедно со првообвинетиот Алил Демири е во бегство.

Агим рече дека го запознал Демири преку неговиот брат. На прашањето каде е брат му Африм, тој рече дека се наоѓа во Приштина во Косово и косовската полиција ја знае неговата адреса. Кажа дека се слушнале со него откако во декември лани беше укината пресудата и тие беа пуштени на слобода.

Фетаи го прашуваше и дали бил малтретиран кога беше приведен првпат, тој кажа дека специјалните полициски единици го тепале за да признае дека тој е сторителот, но тоа ниту им го кажал ниту пак го прашал тогашниот истражен судија и надлежната обвинителка.

По неговиот распит, сега во судница исказ дава четвртообвинетиот Фејзи Азири кој кажа дека овој случај му е монтиран од полициските органи. Неговиот распит е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...