До 31 декември оваа година ќе биде продолжена кризната состојба на подрачјата на јужната и северната граница на Република Македонија поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.
Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, а на пленарна седница е ставена на 21 мај.
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт, а на дневен ред е Предлог-законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти, во прво читање.