Катругалос: Топката е на теренот на соседите за ерга омнес и уставна ревизија

140

Двете прашања што се останати за решавање се ерга омнес и ревизија на Уставот, и тие се од суштинско значење за Грција, а другата страна треба да направи отстапки, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио ФМ“, пренесе АНА-МПА.

– Станува збор за прашања што не се мали, за кои Скопје, за сега инсистира. Топката е на нивниот терен – вели Катругалос, додавајќи дека овие две прашања за Грција се од суштинско значење и предуслов за да постои решение и порачува дека „другата страна треба да ја направи неопходната отстапка“.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш го повтори неговиот став дека ерга омнес е потребно за да не се остават „опашки“ во иднина.

– Сакаме ерга омнес за да не постојат опашки што може да создадат идни перспективи на иредентизам и сакаме ревизија на Уставот за решението да е трајно, па според тоа и двете прашања се неопходни – објасни Катругалос во интервјуто за грчкото радио.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...