Грција и Турција се на работ на војна, а сите погледи во светот се свртени кон Иран и Северна Кореја!
Односите меѓу Грција и Турција се враќаат на нивото на Отоманската империја кога Грција извојувала независност. Конфликтот е на работ на избивање војна.
Додека очите на целиот свет се свртени кон Иран и Северна Кореја, двата соседа полека се лизгаат во опасната зона во која и најмалку погрешно толкување би можело двете земји да ги воведе во сериозен конфликт, што не го исклучува ниту вооружениот судир, оценува весникот Christian Science monitor.
Се потсетува дека тензиите меѓу Грција и Турција постојано растат во регионот на Егејското Море, а тензиите дополнително се зголемени откако Турција одби да ги врати двајцата грчки граничари, заробени во близина на границата поради наводен упад на турска територија. Грција тврди дека војниците се изгубиле поради големото снежно невреме и дека случајно влегле на територијата на Турција, додека Турција смета дека станува збор за шпиони.
Исто така, причина за напнатоста се и постојаните воени вежби и на копно и на море, во близина на границата со Турција, како и најавата на Грција дека кон границата со Турција ќе испрати дополнителни 7.000 војници.
Грција и Турција се препукуваат и на небото. Минатиот месец грчки и турски авиони речиси влегоа во воздушниот простор на соседот, поради што Турците истрела предупредувачки истрели кон Грците, а Грците кон Турците, кога нивниот авион беше во близина на грчкиот простор над островите. Бројот на провокациите на егејските острови не може ниту да се избројат точно.
Колку се влошени работите?
Многу, оценува Кришчен сајенс монитор и истакнува дека ниту едно спорно прашање меѓу двете земји од 1996 година не е решено, како што е разграничувањето на Егејското Море и кипарското прашање. А односите меѓу соседите се на најниско ниво во последните две децении.
Очигледно, ниту сегашната влада нема да ги реши, бидејќи на пример во Грција министерот за одбрана Павлос Каменос е силен десничар кој за Ердоган вели дека е „луд човек“, а премиерот на Турција Бинали Јилдирим за Грците вели дека се однесуваат како „пирати“. И бидејќи во Турција се приближуваат изборите, национализмот ќе се зголемува, а ситуацијата ќе биде уште позапалива.
Грчкиот министер за надворешни работи веќе предупреди дека Турција се приближува кон црвената линија, посочувајчи го инцидентот со граничарите од февруари.
Аналитичарите на Кришчн сајенс монитор оценуваат дека севкупните односи меѓу Турција и Грција станаа толку напнати што дури и најмало недоразбирање, погрешна проценка или потег може да доведат до вооружен судир.
Тие како најверојатно сценарио претпоставуваат ситуација која може многу лесно да се случи, на пример, грчки авион да собори турски кој му се приближува, што директно ќе доведе до вооружен конфликт.
Подготви: А.Ј.
Колкава е воената моќ на Грција и Турција: