Поранешниот претседател на Словенија Милан Кучан во посета на Македонија

172

Поранешниот претседател на Словенија Милан Кучан денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија.

Кучан ќе има повеќе средби во Скопје, меѓу кои и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Првиот словенечки претседател утре ќе има предавање на годишната меѓународна конференција за европски интеграции на тема „Европа и Балканот“. Конференцијата е во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...