Демократска фракција ВМРО ДПМНЕ: Итно да се свика Комисијата за надворешна политика на Собранието

544

Во пресрет на утрешната средба на премиерите Заев и Ципрас наместо папагалското повторување и барање за одржување на лидерска средба, ВМРО ДПМНЕДемократската фракција смета дека наместо средба на ,,четирите поглавици” под итно треба да се свика Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на која министерот за надворешни работи ќе ги информира претставниците на највисокиот законодавен дом за текот на преговорите со нашиот јужен сосед.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека согласно член 91 од Уставот на РМ, Законот за Влада, Законот за надворешни работи и Законот за склучување на меѓународни договори, Владата на РМ нема надлежност да иницира склучување на меѓународен договор за прашањето за името, па оттука потребно е премиерот Заев јавно да ја објасни својата ,,креативна” улога во процесот на разговори и намерата да склучи меѓународен договор со премиерот Ципрас.

Граѓаните на Република Македонија мора да добијат јасен одговор од главниот преговарач и неговиот наредбодавач, зошто е нарушена постапката за начинот и форматот на водење на разговорите и зошто Претседателот на државата е надвор од разговорите?

Исто така јавноста мора да биде запознаена за тоа кои личностите му даваат писмени и усмени инструкции на Министерот за надворешни работи на РМ за водење на разговорите како и да знае дали за содржината на досегашните средби и разговори се води архивско досие. Ова го бараме поради фактот што не се работи за приватни средби и разговори туку за разговори и средби кои се однесуваат на иднината на нашата државата.

Сакаме јавно да го потсетиме премиерот Заев на гаранциите кои му ги даде на претседателот на државата пред да ја добие номинацијата за мандатар на Владата на РМ, посебно на точката 4 која гласи:

,,Гарантираме дека процесот на носење одлуки за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава”. И затоа ниту еден документ, договор, платформа, декларација, акт или дејствие кои се спротивни на македонскиот Устав како и на четирите точки од гаранцијата не можат да бидат услов, ниту основа за дејствување на Владата на Република Македонија, а поготово не на премиерот на Владата на РМ“, с евели во реакцијата на Демократската фракција во ВМРО – ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...