Латас на суд за вилата во Зелениково

225

Денеска во Кривичен суд ќе се одржи судење и за предметот „Тревник“ за бесправна градба на куќи во Зелениково, а во кој првообвинет е новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Според обвинението на СЈО станува збор за кривично дело на три лица за изградба на три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење.

Според прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...