Гвардиола менаџер на годината во Англија (ВИДЕО)

Гвардиола со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј во Премиер лигата со рекордни 100 бода.

110

Шпанскиот фудбалски стручњак и предводник на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го доби признанието за најдобар менаџер оваа година во изборот на Асоцијацијата на менаџери на англиските екипи.

Гвардиола со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј во Премиер лигата со рекордни 100 бода.

Покрај шампионската титула, Сити го освои и трофејот во Лига купот.

Шпанецот победи во конкуренција на Јирген Клоп од Ливерпул, Шон Дајш од Барнли, Нуно Санто од Вулверхемптон, Нил Ворнок од Кардиф и Џон Колман од Акрингтон Стенли.

Специјални награди им беа доделени на Ворнок кој по осми пат одведува клуб во повисок ранг на натпреварување, Сем Олардајс од Евертон – стана член на Куќата на славните на оваа Асоцијација, како и на Нуно – за најдобар менаџер во Чемпионшип.

ФОТО: твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...