Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во крајните југоисточни предели е можен краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, дневната од 20 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
Од утре до петок времето ќе биде стабилно, освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.