Кошаркарите на Бостон Селтикс се наоѓаат на два чекора од големото финале во НБА лигата, откако ноќеска го добија и вториот натпревар од финалната серија во Источната конференција.
Клучна во победата од 107:94 беше разликата од 14 поени што домаќините ја направија во третиот период (36:22).
Ниту трипл-дабл остварувањето на Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со 42 поена, 12 асистенции и 10 скока, не беше доволно вицешампионот да го избегне поразот во „ТД Гарден“.
Во победничкиот тим се истакна Џејлен Браун со 23 поени.
На Запад, Голден Стејт води против Хјустон со 1-0 во серијата прв до четири победи.