Божиновски и Демири во „Само Вистина“: Финален договор за името во претстојниот период ќе нема ВИДЕО

1298

Имаме образование на ниво од Среден век. Што ќе правиме по 15 години
кога ќе нема кој да нѐ лечи, затоа што сите што дипломираат на
медицина ја напуштаат државата. Ова во вечерашната дебата со Владимир
Божиновски во „Само вистина“ го изјави професорот Алајдин Демири.

И двајцата политички аналитичари се согласија дека последната
реконструкција на владата само е во насока на математичко окрупнување
на парламентарното мнозинство и нема да донесе поголем квалитет во
реформите.

– И сегашниот и бившиот премиер се најчести гости во судовите. И
мислите ли дека тој во концептот има реформа? Не, оптужениот има еден
концепт, како да се спаси. На Заев му требаа бројки, три бројки кои
сега ги направи 67. Апсолутно не беше важен квалитетот – изјави
Демири.

За Божиновски, новата власт составена со 6-7 партнери, секој од нив со
свои програми, може да значи само дека ќе се доцни со реформите, со
носењето на одлуки…

– 138 илјади административци, 1.500 функционери…Што прават тие? Еве
Димитров си ја работи својата работа околу преговорите. Другите што
прават? – изјави Божиновски.

На прашањето за преговорите, и двајцата се со став дека конечен
договор до јуни односно јули нема да има поради сложеноста на ова
прашање, но дека сепак некаков договор за нешто што ќе биде со
предиспозиција да доведе до конечен договор во перспектива, сепак ќе
има.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...