Рускиот претседател Владимир Путин денеска со портикалов Камаз возеше преку мостот што ги поврзува југот на Русија со полуостровот Крим, што Русија го анектираше од Украина во 2014 година.
Мостот со должина од 19 километри што чини 3.6 милијарди долари, е проект на Путин, а треба да покаже дека Крим е засекогаш дел од Русија.
Сообраќајните врски со Крим се влошени по прекинувањето на железничките линии преку украинската територија, додека војската и на Русија и на Украина поставиле контролни пунктови.
Путин влезе во портокаловиот камион Камаз заедно со двајца инженери и го управуваше преку мостот, предводејќи десетици камиони.
Путин го пофали „историското“ отворање на мостот Керч стрејт бриџ како „вистинско чудо“.
Мостот кој ги поврзува Крим и Русија, што денеска возејќи камион го отвори рускиот претседател Владимир путин четири години по руското припојување на украинскиот полуостров, претставува „ново кршење на суверенитетот на Украина“ реагира Европската Унија.
Изградбата на мостот ја осуди и Франција, бидејќи со него на „Украина и се оноевозможува полн пристап и користење на нејзините територијални води кои меѓународно се признати“, истакна портпаролката на француското МНР, Агнес во дер Муехл.