Телефонски разговор Ципрас – Туск во пресрет на Самитот во Софија

226

За разликите што Грција ги има со соседите и напорите за изнаоѓање решение, како и за подготовките за претстојниот Самит на ЕУ- Западен Балкан, станало збор во телефонскиот разговор на премиерот на Грција, Алексис Ципрас со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

– За време на разговорот, претседателот Туск ги поздрави напорите што ги прави грчката Влада за решавање на разликите со нејзините соседни земји, што исто така е предуслов за нивна интегративна перспектива. Премиерот потенцираше дека Грција секогаш ќе има конструктивна улога за стабилноста и развојната перспектива на Балканот – соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...