СЛОБОДЕН УДАР Може ли глупа влада да повлече паметен потег?  

Уште попогубна е другата опција, сопирањето на карванот – тој сега е на пат (за Софија) кон остварувањето на големата глобална цел – за да им се фрли леб на локалните кучиња што безнадежно лаат.

1409

Една политички коректна теза вели дека сериозна, одговорна, паметна влада се фокусира на големи, долгорочни цели, но патем не ги заборава малите, секојдневните, краткорочните, тие што значат живот. Сега и за сите.

Македонската влада реши да се придржува – многу повеќе – кон едно друго наравоучение кое вели: ако застануваш за да фрлаш камчиња по секое куче што лае на патот, нема до никаде да стигнеш. Следствено, таа речиси целосно се посвети на стратегиски најголемите и најтешките цели што долгорочно ќе ја одредуваат иднината на државата, односно на неколку главно се уште неродени генерации: да го реши проблемот што го има Грција со нашето уставно име и, така, да го реши проблемот што го имаме ние со ЕУ и со НАТО, поточно со зачленувањето во нив.

Нашиот парадокс или нашата несреќа е во тоа што ниту тезата ниту наравоучението не се доволни за да се одговори на прашањето дали нашата влада е паметна. Отприлика како што нема задоволителен одговор на саркастичната забелешка: што ако си ја погодил целта, кога си промашил сè друго! Во нашиов случај тоа би биле коментарите од типот: што ако станеме членка на НАТО или ако почнеме преговори за ЕУ – значи што ако ја погодиме целта – кога во државата не функционира ни здравство, ни школство, ни судство, кога немаме стручњаци, потенцијали… Што ќе рече – кога сè друго ни е непоправливо промашено.

Уште попогубна е другата опција, сопирањето на карванот – тој сега е на пат (за Софија) кон остварувањето на големата глобална цел – за да им се фрли леб на локалните кучиња што безнадежно лаат. Таа тактика ја пробаа речиси сите влади досега – особено претходната – и се покажа дека не биле многу паметни во одлуката. Напротив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...