ДПА: Бардиљ Даути-министер без ресор, Митисан Бекири – заменик во транспорт

761

Бардиљ Даути, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, и Митасин Бекири, како заменик министер за транспорт и врски, се предлозите што произлегоа од денешниот состанок на Централното собрание на ДПА во Тетово, информира по неговот завршување портпаролот на партијата Луан Треси.

Тој посочи дека претходно членовите на Централното собрание по дискусијата решиле да се прифати понудата од премиерот Зоран Заев и ДПА да стане од владејачката коалиција.

За останатите кадри со кои ДПА ќе партиципира во власта Треси најави дека имињата ќе се утврдуваат на состаноци на соодветни работни групи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...