Министерство за правда: Бришковска ниту е наш предлог, ниту е во работна група за реформи

1009

Билјана Бришковска Бошковски не е предложена од Министерството за правда, ниту има решение дека е во некоја работна група, вели за Плусинфо Бесим Шакири, портпарол на Министерството за правда во врска со пишувањата дека обвинетата поранешната заменичка во ресорот правда од ВМРО – ДПМНЕ е член на работната група за измени во кривичното законодавство.

Бришковска, како што дознаваме, била поставена само како контакт лице од ВМРО – ДПМНЕ за учество на нивни претставници во работните групи во Советот за реформи во судството, но тоа не значи дека е дел од работните групи, затоа што, како што објаснуваат во Министерството за правда, немала ни решение за тоа.

Реакцијата се однесува на пишувањата дека Бришковска Бошковски е дел од работната група што ја формирало Министерството за правда за измени на Законот за кривична постапка (ЗКП) и на Кривичниот законик (КЗ) и покрај тоа што против неа како и против нејзиниот сопруг, СЈО има покренато три обвиненија и ја товари за изборни измами во предметот „Титаник“ во кој е обвинето и целото раководство на ВМРО ДПМНЕ. Дејан, сопругот на Бошковска, пак, е обвинет за набавки и тендери додека бил директор во ЕЛЕМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...