Повик за грантови за акции против корупцијата

180

Транспарентност Македонија (ТМ), во соработка со НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2016 – 2017, објавува повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО), за акции поврзани со борбата против корупцијата.

Предвидено е да се доделат четири (4) мали грантови во износ до 6.000 евра по грант (во денарска противвредност од 368.000 денари). Вкупниот износ на повикот изнесува 24.000 евра.

Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на граѓански организации (ГО), кои во соработка со медиумите/новинарите, ќе реализираат активности поврзани со застапувањето за транспарентни и антикорупциски практики на локалните и националните власти; со набљудувањето на услугите и буџетските трошоци на локалните и националните власти, како и со директен активизам против корупцијата.

Од заинтересираните граѓански организации се очекува да поднесат проектни апликации во кои ќе го образложат начинот на дејствување, како и промоцијата на постигнатите резултати. Се поттикнуваат акции во кои ќе се соработува/ќе бидат вклучени новинари и медиуми (локални/регионални/национални, традиционални/нови).

Симнете го целосниот текст на Повикот за доделување мали грантови на граѓански организации.

Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат единствено во електронска форма на info@transparency-mk.org.mk (со назнака во Subject: POVIK_01/CSO)и во CC на elena@nvoinfocentar.org.mk, до 31 мај 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...