Ако сте со прекумерна тежина, тогаш ќе ги користите сопствените масти, но ако сакате само здраво да се храните тогаш тоа ќе го правите преку внимателно избрани состојки. Важно е да се каже дека ова не е протеинска диета, туку исхрана богата со здрави масти и еден куп зеленчук, вели нутриционистот Кенан Мандра од Интернешнл хелт.
Револуција во губењето на тежината на здрав начин е диетата на липосукција. Нутриционистот на компанијата „Интернешнл хелт“ (International health) вели дека липосукциската исхрана не е базирана на намалување на калориите, туку на зголемување на потрошувачката на висококалориските заситени масти, намалување на внесот на јагленохидрати и строго ограничениот внос на протеините.
Дали навистина се губат 10 килограми за 10 дена? И колку е овој вид губење на тежината добар за нашето здравје?
– Во рамките на диетата за липосукција постојат третмани за брзо губење на тежината, што ние го нарекуваме неинвазивна липосукција. Липосукцијата е крајниот третман за отстранување на вишокот на тежина, што во многу краток временски период дава значајни и видливи резултати – буквално е можно да се изгубат и до 10 килограми за само 10 дена. Неинвазивната липосукција е најбрзиот начин на губење на тежината врз основа на активирање на метаболизмот на мастите.
Кај неинвазивната липосукција на телото му обезбедуваме енергија од метаболизмот на мастите со покренување на процесот на мобилизација и бета оксидација на мастите преку синергиско делување на аминокиселините и глукомананите. Глукоманан е специјален додаток за губење на тежината, одобрен од Европската агенција за безбедност на храната (EFSA). По само 24 часа, организмот е прилагоден на употребата на ацетоацетична киселина за енергија. Важно е да се знае дека телото троши толку маснотии, колку што му е потребна енергија.
Која е суштината на диетата на липосукција?
– Липосукциската исхрана е обратен процес од дебелеењето. Таа работи на сосема природен принцип на метаболизмот на мастите – за да му се овозможи на телото да се храни со сопствените резерви на масти. Дебелината е всушност болест на прекумерна акумулација на маснотии и не зависи од прекумерното јадење, ниту пак од недоволната физичка активност. Собирањето маснотии и дебелина зависи од нерамнотежата во хормоналното регулирање на масното ткиво и метаболизмот на мастите. Синтезата на маснотиите и акумулацијата на мастите го надминуваат разградувањето на мастите од масното ткиво, а со тоа и согорувањето на маснотиите. Кај липосукциската исхрана доаѓа до слабеење кога со помош на аминокиселините хормоналното регулирање на масното ткиво повторно доаѓа во рамнотежа што е обратен процес од дебелеењето. За време на третманот не се менуваат биохемиските параметри на организмот, туку само се користи природниот метаболизам и се активираат масните резерви од телото кои се користат како извор на енергија.
И вие ја изгубивте тежината со овој тип на исхрана. Што советувате од лично искуство?
– Вистината е дека имав големи проблеми со вишокот килограми, но благодарение на таа диета направена е целата приказна. Првично, липосукцијата беше експеримент на сопственото тело. Изгубив речиси 40 килограми. Диетата на липосукција го промени мојот живот и им помогна на илјадници луѓе да го постигнат она што изгледаше невозможно. Многу сум благодарен на „Интернешнл хелт“ за помошта на липосукцијата да стане регионално признат бренд.
Кој сѐ може да ја користи липосукциската прехрана?
– Липосукциската прехрана е стил на живот за луѓето кои сфатиле дека „модерниот“ начин на исхрана го нарушува здравјето и носи вишик на килограми. Липосукциската исхрана е за сите кои сакаат да ја преземат одговорноста за своето здравје и изглед.
Дали килограмите се враќаат ако се престане со третманот?
– Не се враќаат, но можете да стекнете нови килограми. Треба да се смени филозофијата на исхраната. Aко не сфативте дека треба трајно да го смените односот кон сопственото тело, не да се одрекувате од храната, туку мудро да ја бирате храната, тогаш не можете да очекувате дека ќе ја одржите тежината.
Кој е најголемиот проблем во исхраната во Македонија?
– Насекаде најголемиот проблем е неодговорното однесување и негрижата за исхраната и за здравјето. Сериозен проблем е непотребниот внос на шеќерите преку пијалоците, заборавање на значењето на овошјето и зеленчукот наспроти слатките. Забораваме на здравите протеини, како оние во рибата. Ова, заедно со физичката активност го поттикнува забрзувањето на метаболизмот и слабеењето.
Кои намирници никогаш не ги носите во вашиот дом?
– Треба да научиме да разликуваме природна храна од вештачките производи. Никогаш не купувам шеќер, растителни масла, маргарин, житарици и производи од житарици, сокови, слатки, супи и инстант оброци, храна од вреќички, туби, конзерви, кутии, тетрапак… Секогаш имам многу овошје, зеленчук, зелка, салати, брокули, карфиол, домати, пиперки… Тука е и маслиновото масло за јадење, путерот, јацата, сирењата, кефир, домашни сувомесни прооизводи, телешко месо, риба… Треба што побрзо грижата за нашето здравје да си ја преземеме во наши раце, додека не е предоцна.
Многу јавни личности се презадоволни по примената на оваа револуционерна метода на слабеење. Кои се тие и кои се нивните прашања по успехот?
– Успешни се приказните на Жељко Самарџиќ, Ана Бекута, Наташа Беквалац, Сузана Манчиќ, Нада Мацура, Дејан Милиќевиќ… Се разбира на сите, не само на познатите, постојано им сме на располагање во сите ситуации. Главните совети се сведуваат на: избегнувајте шеќер, скробни производи како леб, тестенини, ориз и компир и растителни масти. Јадете риба, месо, јајца, зеленчук кој расте над земјата, природни масти, маслиново масло, кокосово масло… Пијте вода, чај, кафе, лимонада и црвено вино. Избегнувајте ги соковите, пивото и алкохолот. Цедените овошните сокови се стапица со шеќери.
Советувалишта и центри за липосукција има и во Скопје, Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3231223, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.