Ѓорчев попладнево ќе сведочи за обидот за убиство на Села

244
20151014 Wednesday 1347 Pregovori klub na pretenici rabotni grupi rabotna grupa vlatko gorchev gorcev vmro

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска попладнево треба да дојде во Кривичниот суд да сведочи во случајот за обидот за убиство на Зијадин Села.

Тој беше поканет да сведочи на минатото рочиште, но не се појави бидејќи поканата не му била доставена уредно. На него му беше испратена нова покана за да дојде да сведочи во четвртокот на 17 мај, но рочиштето е преместено за попладнево во 14.30 часот. Пратеникот е сведок по предлог на одбраната.

Како сведок во овој случај беше поканет и премиерот Зоран Заев, но тој не дојде на минатото рочиште бидејќи беше зафатен, па сведочеа следните од листата сведоци.

Бидејќи Заев беше прескокнат, одбраната се откажа тој воопшто да дојде да сведочи бидејќи им се нарушил замислениот концепт со кој изјавите од еден од сведоците според предложениот редослед требало да се надополнуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...