Поради 16 минути против Македонија, ФИФА не му дозволи на Ел Хадади да игра за Мароко

Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана не дозволи барањето на Мароко Хадади да добие право да игра за татковината на своите родители.

345

Фудбалската федерација на Мароко го загуби случајот против ФИФА за привлекувањето во составот на репрезентацијата на напаѓачот Мунир Ел Хадади.

Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана не дозволи барањето на Мароко Хадади да добие право да игра за татковината на своите родители. Играчот на Барселона има 13 одиграни минути за репрезентацијата на Шпанија во квалификациите со Македонија во 2016 година, поради што нема право да претставува друга земја.

Но, 22-годишниот Ел Хадади брзо го загуби своето место во националниот тим и во Барселона. Оваа сезона тој е на позајмица во Алавеш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...