Обвинителката и Заев со завршни зборови за „Поткуп“

110

На денешното рочиште во Кривичниот суд треба да бидат изнесени завршни зборови за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.

Со гледање на снимката објавена на Јутјуб на минатото рочиште заврши доказната постапка во овој случај.

Целосната снимка, пак, поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп, беше пуштена на претходните рочишта во судницата без присуство на јавноста. Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа.

Заев очекува ослободителна пресуда во овој судски процес, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.

Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...