Променливо облачно со повремен дожд

118
20150617 Wednesday 1344 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме.

За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог. Утринската темепратура ќе се движи од 8 до 14 степени, а дневната од 19 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат. Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до 26 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...