Сегашната власт во изминатата година покажа дека Македонија веќе нема црвени линии во преговорите со Грција, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во денешната „Само вистина“ на Канал 5.
– Преговорите ги водат „неразбрани трговци“, не знаат да кажат „не“, сè се прифаќа. Грција виде дека се спремни да продадат сè, и тоа евтино – рече Ѓорчев.
Неговиот соговорник, Бетиане Китев од СДСМ, пак, рече дека Македонија може да биде спокојна, зашто Владата се грижи за македонските национални интереси и за македонштината во целост.
– ВМРО-ДПМНЕ се обидува да шири паника. Тие користат една реторика за домашната јавност, а од „бомбите“ видовме дека преговарале директно со Грција – рече Китев.
Ѓорчев и Китев дебатираа на повеќе теми, вклучувајќи го Законот за употреба на јазиците, економските политики, промената на изборниот модел итн.
Погледнете ја целата дебата: