Хаос на протестите во Газа: Израелски војници убиле 52 Палестинци, повеќе од 2.400 ранети ВИДЕО

961

Израелските војници во демонстрациите организирани на границата на Газа убиле најмалку 52 Палестинци, а раниле повеќе од 2.400 лица.

Судирите избиле само неколку часа пред отворањето на Американската амбасада во Ерусалим, на што се спротивставуваат Палестинците.

Илјадници Палестинци се собрале на повеќе пунктови околу границата. Групи демонстранти се обиделе да се приближат на границата, гаѓајќи ги израелските војници со камења, по што израелските војници отвориле оган, пренесува Дневни Аваз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...