Градежниците Чифлиганец и Етеми ќе вршат надзор на работата на Комерцијална банка

Согласно Статутот на Банката, член 59 и член 61, за предложените кандидати за членови на Надзорниот одбор се гласа јавно, а одлуката за именување на членовите на Надзорниот одбор се смета за донесена ако за неа се изјасниле повеќе од половина од присутните акционери на седницата на Собранието на банката.

1555
20150911 Friday 1035 komercijalna banka

Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми се предложени за членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, објавува Банката на Македонска берза.

Одлука за нивниот избор во Надзорниот одбор треба да донесе Собранието на акционери закажано за 14 јуни годинава.

Чифлиганец и Етеми ќе бидат избрани на  местата на Маргот Џејкобс и Звоне Таљат кои поднеле оставки на функцијата член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка.

На членовите на Надзорниот одбор им припаѓа надомест за учество и
работа на седниците во висина од 21.000 денари.

Фатмир Етеми е сопственик на градежната компанија „ЗСФ ком“, додека пак Ванчо Чифлиганец е сопственик на градежната компанија „Адора инженеринг“.

Согласно Статутот на Банката, член 59 и член 61, за предложените кандидати за членови на Надзорниот одбор се гласа јавно, а одлуката за именување на членовите на Надзорниот одбор се смета за донесена ако за неа се изјасниле повеќе од половина од присутните акционери на седницата на Собранието на банката.

Пред извесно време компанијата „Адора инженеринг“ чиј сопственик е Ванчо Чифлиганец купи  52.189 акции на Комерцијална банка.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...