Адвокатката на Груевски искарана од судијката зашто сакала да протне докази

3147

Сакам да истакнам дека немаме никаква намера да се одолговлекуваат и одлагаат рочиштата. Барањето кое се однесува за Општина Новаци да биде прифатено е со иста цел како и писмото од „Макауто стар“, односно да се покаже дека не постоело фаворизирање на економски оператор во набавката, рече Никола Груевски во судницата откако судот го одби предлогот на одбраната да биде изведен како доказ договор за набавка на возило во Општина Новаци.

Судот, како што информиравме претходно, одби дел од доказите на одбраната, а ги прифати доказите кои ги изведе СЈО, меѓу кои и мејл комуникацијата на „Макауто стар“ и „Мерцедес“ од Германија.

Изведувањето на доказите на двете страни трае од утрово. Рочиштето се одвива со многу паузи бидејќи за понудените докази и приговорите на спротивната страна судот се повлекува да одлучи.

Откако одлучи за дел од доказите кои беа изведени, адвокатката на Никола Груевски, Сања Алексиќ ги читаше прифатените докази при што реагираше судијката Добрила Кацарска. Таа ѝ рече дека на нечесен начин се обидува да протне доказ бидејќи за еден од тие што ги прочита сѐ уште не беше одлучено и ја предупреди да ги чита само доказите кои се прифатени.

Понатаму, рочиштето продолжи со изведување нови докази од одбраната, СЈО имаше приговори, а судечкиот совет повторно се повлече да одлучи дали ќе ги прифати или не.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...