Пилотот на Хас, Ромен Грожан ќе истрпи казна од три места на стартната линија за Гран При на Монако на крајот на месецот поради несреќата што ја предизвика уште во првиот круг на трката во Шпанија. Стјуардите исто така му дадоа на Французинот два казнени бода.
Грожан се заврти на третиот свиок на патеката во Барселона и создаде облак од прашина, излегувајќи надвор од контурите, а Нико Хулкенберг од Рено и Пјер Гасли од Торо Росо не успеаја да го избегнат и исто ставија крај на учеството уште во почетокот на трката.
– Нема многу што да се каже за ситуацијата. Изгубив контрола на задниот дел и се свртев. Ако се погледнат снимките, ќе видите дека избегнував евентуален контакт со мојот тимски колега – изјави Грожан по повод инцидентот на патеката „Каталонија“.
ФОТО: јутјуб
Seconds into the #SpanishGP – carnage 💥
Take a look at *that* early crash from all the angles 👀
Grosjean OUT
Gasly OUT
Hulkenberg OUT#F1 pic.twitter.com/xKoPdaOnPl
— Formula 1 (@F1) May 13, 2018