Од соработник на индивидуални проекти, науката сака да стане сервис на индустријата

Mоментално голем проблем на научните работници на техничките факултети е недостигот на современа опрема. Таа е скапа за финансиските можности на научните институции.

261

Соработката на науката и индустријата во областа на металургијата моментално се одива на ниво на индивидуални контакти со учество во одделни проекти, но би требало да биде далеку поголема за да се обезбеди подобар технолошки развој и добро обучен кадар, изјави на прес конференција денеска Свето Цветковски, професор на Технолошкиот факултет и претседател на Здружението на металурзи при Стопанската комора.

На прес-конференцијата тој го најави годинашниот меѓународен металуршки конгрес што ќе се одржи од 30 мај до 3 јуни во Охрид на кој главна тема е „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“.

– Сакаме да бидеме сервис на индустријата, научните достигнувања да бидат достапни за нашите компании. Засега соработката е сведена на индивидуални контакти меѓу нашите поранешни студенти – сегашни менаџери и науката. Соработката е на ниво на изработка на проекти – рече Цветковски.

Тој е задоволен што инженерскиот кадарот што излегува од факултетите е добро оценет о менаџментот во индуастријата, но смета дека би требало многу повеќе да се посвети внимание на зголемување на бројот на суденти на техноплошките факултети, бидејќи овој кадар е баран во земјата и регионот.

– Треба да се изнајдат методи како што поголем број на млади ќе се определат за овие факултати, преку давање стипендии, преку средби со менаџери и инженери, односно претставување на успешни приказни како и со размена на студенти со факултети надвор од земјата – смета Цветковски.

Според него, моментално голем проблем на научните работници е недостигот на современа опрема.

– Новата опрема е прилично скапа поради што факултетите не можат да ја обезбедат сами. Основна верзија на електронски микроскоп чини околу 180.000 евра,.Затоа би било добро за подобреување на состојбата со опремата да се користат европските фондови- рече Цветковски.

Токму интензивирање на соработката меѓу науката и стопанството, ќе биде во фокусот на годинашниот меѓународен металуршки конгрес на кој , како што информира, покрај домашни професори ќе учествуваат и професори од Турција, Украина, Шведска и Австрија, а целта е најновите научни достигнувања да се доближат до индустријата.

На Конгресот ќе бидат презентирани околу 30 научни трудови, а предвидени се и презентации од страна на компаниите – учеснички.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...