По пуштањето на „бомби“, продолжува судењето за Канчевска – Милевска

Рочиште е закажано и за предметот „Toтал”, во кој се товари новинарот Драган Павловиќ Латас за даночно затајување.

274
20160203 Wednesday mkc izlozba pikaso picasso ministerka minister kultura elizabeta kanceska milevska

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжат судењата за случаите на СЈО „Тендери“ и „Тотал“.

Во „Тендери” првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска – Милевска.

На претходното рочиште се преслушаа пет разговори кои СЈО ги предложи како доказ. Во наведените разговори се слушна како поранешната министерка за култура Канчевска –Милевска му ветила тендер за градење на „Музејот на ВМРО“ на директорот на компанијата Бетон од Штип. Второобвинетиот и третообвинетиот во овој случај се членовите на Комисијата за јавни набавки.

На обвинителна клупа во судот денеска треба да седне и новинарот Драган Павловиќ-Латас, кој е осомничен во предметот „Тотал“.

Претходните три рочишта за овој случај не се одржаа, бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини.

Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра

Завршни зборови во Кривичниот суд адвокатите на Груевски и СЈО треба да кажат и за предметот „Тенк“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...