Франциуската полиција уапсила и задржала на сослушување пријател на чеченскиот напаѓач кој во саботата со нож нападна минувач во Париз и го уби.
Ројтерс, повикувајќи се на извори од истрагата, јавува дека мажот е уапсен во Стразбур, дека е роден 1997, во иста година со напаѓачот од Париз.
АП ја пренесува изјавата на неименуван функционер на франциуското правосудство дека напаѓачот, кој е француски државјанин, не бил порано апсен, но оти бил на листата на лица под надзор поради потенцијален радикализам.
Се наведува дека неговите родители се приведени во нивниот дом во Париз и дека се сослушуваат.
ИД ја презеде одговорноста за нападот кој се случи во близина на париската опера, а чеченскиот лидер Рамзан Кадриов денеска напаѓачот го идентификува под името Хасан Азимов.