„Даути комерц“ отвори дистрибутивен центар во Црна Гора ГАЛЕРИЈА

1051

Македонската компанија „Даути Комерц“ ја официјализираше новата инвестиција во регионот од три и пол милиони евра во дистрибутивен центар во Подгорица, Црна Гора, по веќе реализираните инвестиции во Кос активно е вклучена во следење и поддржување на активностите во Стопанската комора на Македонија.

По 14 години работа на црногорскиот пазар од 2004 година, своето присуство „Даути Комерц“ сега го заокружува со сопствен стопански објект во Подгорица, преку кој ќе се третира увезената стока од Македонија, Србија, земји членки на Европската Унија, Азија, Јужна Америка.

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески присуствувал на отворањето на објектот на „Даути Комерц“ во Подгорица и во своето воведно обраќање пред присутните ја поздрави одлуката на компанијата која продолжува да ги шири своите бизнис активностите во регионални рамки во текот на 25 години и да прераснува во препознатлив регионален бренд.

Азески потенцираше дека значајноста на овој стопански објект треба да се истакне имајќи го предвид фактот дека, за разлика од индустриските капацитети каде инвестициите и вложувањата се мерат првенствено во финансиски показатели, „Даути Комерц“ како трговска компанија својот успех го потврдува во исклучително професионалниот начин на продажба и пласирање на производите на пазарот, со развиени најнови технологии во сите свои претставништва и навремените одлуки за инвeстиции кои се направени токму со цел подобрување на процесот на увоз и дистрибуција на стока до крајните потрошувачи.

На тој начин компанијата успева да обезбеди доминантна позиција на производите и брендовите кои ги застапува на пазарите каде е присутна. Препознатлива е преку успешното пласирање на неколку македонски и меѓународни бренда на пазарите во регионот како што се „Бекутан” на Алкалоид АД Скопје, италијанскиот бренд за тестенина „Дивела“, млечниот бренд „Мегле“.

Со новиот деловен потег, „Даути Комерц“ продолжува да ги остварува лидерски цели во сите претставништва во регионот и со тоа да ја зајакнува и зголемува доминацијата и присуството на успешни македонски компании во регионот, докажувајќи ја на тој начин и конкурентноста на домашните компании кои следејќи ја својата визија и иновативност успеваат да се позиционираат и надвор од границите на државата.

Активностите на компанијата, како што истакна претседателот на Комората Азески, треба да бидат насока и поттик за другите македонски компании, да го следат овој пример и да излезат од границите на македонскиот едвај два милионски пазар и да размислуваат регионално, односно како да го освојуваат пазарот со над 20 милиони потрошувачи во регионот но и пошироко.

Инаку, менаџментот на компанијата, досега има вложено 25 милиони евра во различни форми на стопански објекти. Освен увоз работи и извоз што уште повеќе го зголемува нејзиното значење. Континуираното вложување во нови кадри и вработувања, возен парк, шпедитерски услуги, укажува на значајниот придонес кој оваа компанија во домашната економија го има по повеќе основи.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...