Петковски: Не верувам во гушкањата, Грците се итри преговарачи

560

Не верувам во овие гушкања, добри пораки и срдечни поздрави, затоа што Грците се итри, рече лидерот на НСДП Тито Петковски во обраќањето на четвртиот редовен конгрес, на кој покрај претседател на партијата ќе се избираат и членови на Централниот и на Надзорниот одбор, а ќе биде усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.

– Тие се одлични трговци и уште подобри преговарачи. Јас тоа не го кажувам првпат. Грчката официјална политика, грчката држава отсекогаш, особено од осамостојувањето, не сакала да постои ниту македонски јазик, ниту македонска држава. Доколку сега има созреани кругови коишто имаат влијание во грчката политика, се однесуваат онака како што говорат, мислам дека сме блиску до решавањето на ова прашање – рече Петковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...