Н.Ѓ утрово околу 4.10 часот пријавил дека во угостителски објект на улица „50-та Дивизија” во Скопје настанала тепачка помеѓу две групи од гостите при што некои од учесниците имале ножеви.
Лицето Д.А.(34) од Скопје се здобил со убодна рана во пределот на градите, по што е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.