Во поштата во село Шемшево, тетовско, ноќта на 11/12 мај во времето од 16.30 до 7 часот непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба на сила ја отстранил металната решетка од прозорецот, влегол внатре и од касата одзел 98.840 денари по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.