Во Тетовско вчера од 23 до 2,30 часот по полноќ биле приведени две Косовки и две Албанки кои илегално престојувале во Македонија.
– Полициски службеници по превземени мерки и активности за откривање на странски државјани кои илегално престојуваат или го злоупотребуваат туристичкиот престој со работа по угостителски објекти, во угостителски објект лоциран во село Желино, затекнати се четири лица, странски државјанки, од кои две државјанки на Косово и две државјанки од Р.Албанија. Лицата се приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка.