Џафери чека соодветно време за Законот за јазиците да го испрати во Службен весник

133

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека законот за употреба на јазиците ќе го прати до Службен весник на РМ кога ќе процени дека е соодветно време, но не прецизира кога тоа би можело да се случи.

– Имајќи предвид дека нема рокови во однос на објавувањето на законот за јазици, сметам дека во соодветно време, кога ќе проценам дека треба да се прати законот до Службен весник, тој ќе се објави и потоа да можат другите надлежни институции да се произнесат по однос на текстот на законот односно за оние укажувања и дилеми кои се искажаа во јавноста – истакнува Џафери во интервјуто на Радио Слободна Европа.

Џафери не сака да ги коментира гласините дека ДУИ калкулира со Законот за јазици и игра топло-ладно за во случај на предвремени парламентарни избори, кои се во игра со претседателските, да го извади повторно и да го направи тема.

– Не би сакал да го коментирам тоа што вие го нотирате. Сметам дека тоа не е став и калкулирање на ДУИ и на која било од политичките партии, затоа што законот е веќе донесен по втор пат и нема каква калкулација да се направи во однос на тоа – вели Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...