На „свадба“ во Тетово гостите за подарок носеа кеси полни ѓубре

2600

Необична „свадба“ денеска се одржа на градскиот плоштад во Тетово. Имаше музика, гости, се вртеа ора. Гостите, членови на невладини организации, наместо подароци во пликоа, на младоженците им носеа вреќи полни со ѓубре кои ги собрале во градот пред да дојдат на свадбата.

На музичарите, наместо да им се лепат пари, им даваа заштитни маски за дишење.

Младоженецот беше облечен во костум направен од црни вреќи за отпад, а невестата во венчаница од хартија и кеси од маркети.

Со ваквите акции, невладините упатија порака за сметот и смрдеата во Тетово кои треба да се исчистат.

Акции за чистење денеска се организираа во десетина градови во земјава под покровителство на Ротари клубот во соработка со невладините организации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...