Вардарки во финалето во Лигата на шампиони, време е за титула!

659

Ракометарките на ЖРК Вардар ќе играат финале во женската Лига на шампиони (ЛШ).

Во второто полуфинале на Фајнл форот во Будимпешта, тие го победија рускиот тим Ростов Дон со убедливи 25:19 и закажаа пресметка во финалето со бранителот на титулата, унгарски Ѓер.

Вардарки се тимот кој има рекорден број на учества на завршните турнири во ЛШ. Ова е петти пат како играат на Фајнал Форот. Три пати губеа во полуфиналето, па во мечот за трето место исто толку пати го освојуваа бронзениот медал.

Лани првпат се пласираа во финалето и играа токму против утрешниот против Ѓер од кого минатата година загубија во продолженијата со 31:30.

Утрешното големо финале ќе биде можност за „одмазда“ за ланскиот пораз, но и последна шанса за женскиот тим на Вардар да застане на европскиот трон со оглед на тоа што ѕвездениот тим се распушта по крајот на сезоната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...