„ЗБОГУМ ЕВРОПО“ Среден прст со ликот на Трамп на насловната на „Шпигел“ ФОТО

1268

На насловната страна на новото издание на германскиот магазин „Шпигел“ се наоѓа цртеж со среден прст на кој се наоѓа лик кој потсетуа на американскиот претседател Доналд Трамп. Насловот е: „Збогум Европо“.

Насловот на уредничкиот текст кој се наоѓа внатре во весникот е: „Време е Европа да се придружи на отпорот“. Во текстот се наведува дека Трамп е „успешен само во уништување“ посочувајќи на неговото соопштение за повлекување од нуклеарниот договор со Иран и од договорот за климатските промени.

Контроверзната насловна страна следува непосредно по изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека Европа повеќе не може да смета на САД и оти мора да ги преземе работите во свои раце.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...