Нимиц по средбата: Беше сериозна, многу пати тензична ВИДЕО

Двајцата министри ќе ги брифираат премиерите во подготовките за нивната средба во Софија следната седмица, рече медијаторот.

1212

Следната седмица на 17 мај во Софија, ќе се сретнат македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, ова е пораката и веста од медијаторот Нимиц по средбата со шефовите на двете дипломатии.

– Средбата можам да ја карактеризирам како многу сериозна, работевме напорно, многу пати тензична. Направивме одредена позитивна работа. Двајцата министри ќе ги брифираат премиерите во подготовките за нивната средба во Софија следната седмица на 17 мај. Во основа ова е пораката што ја имам – рече Нимиц.

Разговорите и преговорите во хотелот во Сунио на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, траеа речиси шест часа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...