Венеција забрани отворање сендвичари, туристите правеле ѓубре

372

Во италијанскиот град Венеција во следните три години ќе биде забрането отворање на нови ресторани кои нудат храна за носење.

Локалните власти ја донесоа оваа мерка со цел да се намали количеството на смет во градот.

Овие правила нема да се однесуваат на продавачите на сладолед, но ќе ги засегнат пицериите и локалите кои продаваат различни видови на брза храна.

Голем број од туристите кои ја посетуваат Венеција претпочитаат да купуваат храна за носење и да јадат додека ги разгледуваат знаменитостите на градот, но потоа зад себе оставаат големи количества на ѓубре што претставува проблем за градот.

Освен тоа, поради остатоците од храна постојано расте бројот на гулаби во градот, кои им создаваат проблеми на локалните жители, и покрај тоа што се воведени строги казни за хранење на овие птици на улица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...