Нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува за утре УХМР.
Како што соопшти, локално процесите се очекува да бидат поинтензивни.
– Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет, наведува Управата за хидрометеоролошки работи.