Разузнавање: Надворешни сили ни солеле памет против НАТО и ЕУ

1070
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski mediumi nadvor izbrkani brkani
Македонија лани беше цел на хибрдини закани во неколку клучни моменти, особено при промената на власта и соседските односи, стои во Годишниот извештај на Агенцијата за разузнавање (АР).
Извештајот кој во март 2018 беше презентиран пред собраниската Комисија за надзор над УБК, сега е достапен и на веб страницата на АР.
„Разузнавачките приоритети беа насочени кон детектирање и откривање деструктитвно влијание на надворешни сили кои преку медиумско-политички инсталации во РМ и регионот, се обидуваа да влијаат врз перцепцијата на граѓаните со проектирање антизападен (против НАТО/ЕУ) наратив“, наведува Агенцијата.
Во фокусот на разузнавањето минатата година биле илегалната миграција, верскиот радикализам, меѓународниот тероризам, транснационалниот организиран криминал, како и економските и безбедносните интереси.
АР во почетниот дел пишува дека првпат од своето основање јавно презентира годишен извештај за своето работење, а причината за ваквиот потег, додава, е зголемување на транспарентноста и отчетноста.
Податоците кои се наведени во документот се декласифицирани, со  што се запазени одредбите на Законот за класифицирани информации.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...