Вработени во ТВ Нова бараат стечај, не им исплатиле седум плати

1061

43 вработени и поранешни вработени во Телевизија Нова покренaa претстечајна постапка за неисплатени 7 плати, од октомври наваму, објави Макфакс.

– Во моментот бараме законска заштита, но во интерес на процесот не би можеле да ви изнесеме повеќе детали. Се соочуваме со пречки и затворени врати, но сме одлучни во барањето за своите права. Досега неколкупати во Телевизија Нова се правеа состаноци каде што менаџментот ветуваше исплаќање на плати, но од октомври наваму немаме земено ниту денар – велат дел од  вработените.

Една од потписничките на барањето за стечај, неофицијално, е и уредничката Анита Петровска Рајковиќ.

Целиот текст може да се прочита ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...