Рафаел Надал, по поразот од австрискиот тенисер Доминик Тим во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид, изјави дека никогаш не е премногу разочаран кога ќе загуби натпревар.
Надал немаше решение за разиграниот Тим, кој го совлада со 2:0 во сетови (7:5; 6:3) и дојде до трета победа во нивниот седми меѓусебен натпревар.
– Не се радувам премногу кога ќе победам, ниту пак сум премногу тажен кога ќе загубам. Поразот не е трагедија – истакна шпанскиот тенисер.
Австриецот покажа сигурна и агресивна игра и ја прекина доминацијата на Надал на земјена подлога.
– Доминик има голем потенцијал. Беше подобар од мене, но има денови кога сте добри и денови кога не ви оди. Овојпат не ја чувствував топката како што треба. Не мислам ништо да менувам. Задоволен сум од мојата игра и имам добиено 50 сетови во низа на земјена подлога – истакна Надал.
Шпанецот го урна рекордот на Џон Мекинро од 1984 година за освоени 49 сета во низа на една подлога и со 50 сета на земјена подлога влезе во историјата.
Со овој пораз Надал му го препушти првото место на Рожер Федерер кој не учествува на турнирите на земја.
ФОТО: EPA/MARK LYONS