Генералка на терените на Попова Шапка

126

Во ски – центарот „Попова Шапка“ денеска ќе се спроведе еколошка акција за да се исчистат терените и околината по завршувањето на зимската сезона.

Акцијата има задача да ја подигне свеста за заедничката одговорност и придонес во зачувување на природните убавини и туристичките предели.

Во акцијата ќе учествуваат сите вработени од ски – центарот, како и голем број граѓани и активисти.

За сите заинтересирани ќе има бесплатен превоз кој ќе поаѓа од местото „Жичара“ во Тетово во девет часот.

Акцијата е во организација на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје -Подружница „Попова Шапка“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...