Дипломатски скандал – Србите испратиле покана до Каталонија, па им рекле оти било по грешка

1220

Претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ изјави дека Ненад Чанак без да се консултира, на меѓународниот собир „Со идеја на ЕУ до мир и развој“, покрај парламентарци од Парштина повикал и пратеници од каталонскиот парламент.

Во изјава за денешното издание на „Политика“, Гојковиќ вели дека бил спречен голем дипломатски скандал, бидејќи доколку повикот се реализирал тоа ќе значело навреда за Шпанија, земја чиј територијален интегритет и суверенитет Србија апсолутно го поддржува.

Според Гојковиќ, Чанак како претседател на парламентарната Комисија за европски интеграции, на собирот, кој се одржува во Домот на Народното собрание, без да се консултира со неа и без таа и членовите на Комисијата да знаат, повикал парламентарци од Косово, но и пратеници од шпанската покраина Каталонија, која одржа референдум за независност.

Објаснувајќи како можело да се испрати покана во Косово и Каталонија, таа нагласи дека Чанак ја приватизирал организацијата за овој добро подготвен собир, на кој присуствуваат претседатели на одделни парламенти, министри, амбасадори, а тука се и шпански парламентарни претставници.

– Во разговор со членовите на Комисијата дознав дека адресите за одделни потенцијални учесници на собирот, кои сега ги нема по мојата реакција, стигнувале директно од Лигата на социјалдемократите на Војводина. Тоа бил обид ЛСВ да спроведе своја, а не политика на државата Србија – потенцира српската претседателка на Собрание.

Таа додаде дека по нејзината реакција Собранието испратило писмо до каталонскиот Парламент дека се поканети по грешка и нивните потврди за присуство не важат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...