Срамно е образложението дека таканаречениот Командант Хоџа самиот одлучил да се повлече од висока владина функција веднаш до премиерот заради тоа што ја сакал Македонија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
– Хоџа јасно вели дека не го интересира дали Македонија ќе постои или нема да постои. Јасно е дека Хоџа не го интересира дали Македонија оди напред или назад и дали државата функционира или не. Хоџа можеби сака некаква Македонија, но не унитарна и мултиетничка каква што е сега – рече Стоилковски.
Тој потенцира дека Заев пред да го именува таканаречениот Командант Хоџа за свој премиерски советник ги знаел овие негови ставови, па затоа премиерот лаже.
– Ваквото однесување на Зоран Заев е срамно. Ваквото мајтапење со граѓаните, државата и нејзините институции е недозволиво. Зоран Заев и сите оние кои што ги вршеле безбедносните проверки за Командантот Хоџа и препорачале тој да биде висок функционер мора да сносат одговорност. Пред само неколку дена дури и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го бранеше именувањето на Хоџа и не гледаше ништо спорно и контраверзно во фактот дека радикал од црната листа, чие име се поврзува и со убиство на полицаец, треба да го советува и премиерот и за полицијата – реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.