Еко-свест: Да има одговорност за пожарот кој го загрози здравјето на скопјани

Оттаму прашуваат како е возможно воопшто а дојде до ваква хаварија ако фабриката поседува соодветни правилници, постапки како и стручен и обучен.

287

Еко-свест преку соопштение до јавноста изрази загриженост и бара одговорност за пожарот кој вчера вечерта гореше во Железара односно во округот на фабриката Макстил во Скопје и, како што велат, го загрози здравјето на скопјани.

Според информациите кои ги добиле од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) фабриката не работи од 30 април 2018, меѓутоа работи депото за суровина од отпаден метал. Според ДИЖС, наведуваат во соопштението депото е извор на пожарот и се случил додека се сечеле поголеми парчиња метал.

„Во Скопје граѓаните го делат својот животен простор со индустриски капацитети и се сведоци дека хавариите од ваков вид не се ретка појава. Затоа потребни се закони кои ќе се спроведуваат како и построги стандарди и правилници за работа на овие индустриски капацитети, меѓутоа и почести инспекции и надзор над спроведувањето на регулативата од страна на индустрискиот капацитет“, пишува во реакцијата од Еко-свест.

Оттаму прашуваат како е возможно воопшто а дојде до ваква хаварија ако фабриката поседува соодветни правилници, постапки како и стручен и обучен.

„Дали отпадот бил исчистен од други запаливи материјали кога пристигнал во депото? Зошто на локацијата имало и пластика? Кој го регулира работењето во депото бидејќи истото не е дел од технолошко- производниот процес на фабриката? И на крај зошто противпожарните служби не биле викнати да реагираат порано и да го стават пожарот под контрола пред да предизвика поголемо загадување?“, потенцираат од Еко-свест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...