Руските сили за безбедност уапсиле 26 терористи кои сакале да извршат терористички напад на маршот на „Бесмртниот полк“ во текот на прославата на Денот на победата во Москва на 9 мај, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија, Олег Сиромолотов. На чело на „Бесмртниот полк“ се наоѓаа претседателот на Русија Владимир Путин, претседателот на Србија Александар Вучиќ и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Неколку групи се уапсени поради планирање на напади во Москва. Тие веќе имале подготвено оружје за таа акција – изјави Сиромолотов денес во интервју за ТАСС.
Сиромолотов открил и дека тие групи дошле од Сибир, од местото Нов Уренгој, каде се извршени 17 претреси и уапсени 20 осомничени.
– Анализите покажаа дека тие примале пари од Турција, Потоа им влеговме во трагата која беше во правец на Сибир – заклучи заменик шефот на рускатадипломатија.